Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2023 07:55
Со исклучок на главниот град и неколку други поголеми градови во Македонија, во малите места иако кириите се евтини, луѓето мака мачат да најдат потстанари.
Во Битола изнајмување на гарсониера чини од 100 до 150 евра. Битолчани генерално немаат некој посериозен проблем за наоѓање на потстанари.
„Јас веќе 23 години издавам гарсониера. Потстанари има од соседните градови, од Битола, но и од Скопје доаѓале работници кои преку фирми работат тука. Доаѓаат и луѓе од Ресен. Сè зависи од местоположбата на градот“, вели Пеце Божиновски од Битола.
Во Ресен на издавачите им е потешко да најдат потстанари, иако кириите се доста пониски.
„Кириите во Ресен се пониски од Битола, но потстанари тешко наоѓаме затоа што Ресен се испразни. Единствено за купување или изнајмување прашуваат Македонците од Пустец или Голо Брод од Албанија. Во Ресен нема работа и не можеме да се споредуваме со Битола, затоа што градот Битола е поголем, има повеќе училишта, факултети, фабрики“, вели ресенчанка која поседува гарсониера.
Во Пехчево има многу празни куќи и станови, но луѓето кои се тука под кирија се бројат на прсти.
„Во градот има 2-3 фамилии кои се потстанари и тоа не се луѓе од други општини, туку се наши жители и откако семејствата се проширија, сега се под кирија. Живеат во куќи кои се од времето на социјализмот. Има многу куќи кои се продаваат, Пехчево се празни. Има згради каде од 20 станови, 5 се празни“, вели жител на Пехчево.
Жители на Македонска Каменица објаснуваат дека во градот стан под кирија се наоѓа за 4.000 денари, а како потстанари се случува да дојдат жители на околните села ако си најдат работа во градот. Но, има и сопственици на станови кои со години немале потстанар и сега размислуваат и да го продадат просторот. И пробиштипјани имаат потешкотии да најдат потстанари. Неготинчанка вели дека имало интерес за изнајмување простор за живеење од работници од другите градови кои работат на проекти во нивната општина, но тоа било привремено, за еден месец.
Има и случаи кога социјално загрозени граѓани живеат во куќи и станови на лица кои се во странство, со цел да ги одржуваат живеалиштата и со обврска да ги плаќаат сметките. Во Скопје ситуацијата е поинаква. Има голем избор на недвижен имот, но и побарувачка.
Сања Атанасовска
foto freepik.com/senivpetro
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




