СЕ ДОКАЖАЛА ВО БИЗНИСОТ: Почнала со 10 евра, а денес има свој ресторан
Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2018
Бојана Роквиќ од Белград пред 7 години се впуштила во претприемачките води со капитал од само 10 евра, а денес има свој ресторан.
Таа во 2011 година ја напуштила работата во невладина организација, а денес има 10 вработени.
Вели дека немала идеја што ќе работи откако дала отказ, па работела во кафуле, а потоа од дома правела храна и тоа го огласувала на Фејсбук.
Луѓето почнале да нарачуваат и сфатила дека луѓето сакаат готови јадења за на работа.
„Целиот пакет од тој ручек со супа, салата и главно јадење чинеше три-четири евра. Од човек на човек се прошири веста и работата се ширеше, а во целата работа за превоз ми помагаше татко ми. Задоволна сум, имам слобода за празник да не работам“ - вели таа.
Во својот ресторан Роквиќ прави традиционални јадења.
За оние кои допрва ќе почнуваат со свој бизнис им препорачува да имаат трпение.
Вели дека вистинските идеи го наоѓаат патот до успехот, а за успех се потребни истрајност и посветеност.