09 Октомври, 2024
0.0251

СЕ ДЕФИНИРА КОЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ГРАДЕЖНО – ќе се менува Законот, еве што се се предлага

Објавено во: Економија 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Кратење на процедурата за договори меѓу земјоделците и државата за закуп на државно земјиште, отстранување на обврската за копачење на дел од земјоделските продукти, но и доуредување на делот за пренамена на земјоделско земјиште во градежно како и други новини се планираат со измените на законот за земјоделско земјиште кој е доставен во собранието.

Со измените се утврдува постапка за давање мислење наместо согласност за пренамена на земјоделското земјиште во градежно. Се дефинираат потребните документи, категориите на земјиштето кое може да биде предмет на пренамена и роковите за давање на мислење. Целата е да се направи ред и процедура која е во надлежност на министерството и да се заштити земјиштето со добра катастерска класа за производство на храна.

-  Со членот 6 се уредува и усогласува постапката за издавање на мислење за пренамена на земјоделското земјиште во градежно односно се врши усогласување на членовите 49, 49-а, 49-б и 49- в од Законот за земјоделско земјиште со член 54 од Законот за урбанистичко планирање. Се дефинираат потребни документи, се пропишува процедурата за поднесување на барање, квалитетот на земјоделско земјиште за пренамена, се бришат одредбите од законот за Земјоделско земјиште за издавање на согласност за трајна пренамена на земјоделско земјиште во државна сопственост кои се спротивни на одредбите од член 54 од Законот за урбанистичко планирање. Во овие измени правниот акт “согласност“ е заменет со правен акт “мислење“ во олеснети постапки и пократки рокови – стои во законот.

Притоа е дефинирано дека предмет на постапка за пренамена може да биде земјоделско земјиште во државна соспственост со катастарска класа V, VI, VII, VIII и некатегоризирано земјоделско земјиште согласно класификацјата на Агенција за катастер на недвижности. Исто така земјиште над кое не се применуваат хидромелиоративни мерки, каде има наклон на земјиштето поголем од 15 проценти, и кое е контаминирано и загадено и е непогодно за производство на храна. Наведено е дека може да се пренамени земјиште кое односно камењари, неплодни земјишта, мочуришта, трстици и деградирани пасишта. Потоа земјиште со намалена плодност поради примена на хемиски и биолошки мерки на почвата и со кое нема да дојде до уситнување на земјоделското земјиште и не е предмет на консолидација или размена.

Со измените на законот се уредува користење, располагање, заштитата и пренамена на земјоделското земјиште како добро од општ интерес.

-  Соочени со сериозните сушни периоди и климатските фактори и согледувајки ја потребата на земјоделците, предлагаме новите договори да се склучуваат воопштено за производство на земјоделски култури. Со тоа ќе дадеме можност за производство на земјоделски култури согласно дефинираните суфицити и дефицити од претходната за наредната година – се наведува во законот.

Меѓу другото се предлагаат измени и во изборот на членови во комисиите за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост кои согласно постоечкото законско решение се составени од членови од повеќе институции. Бидејќи повеќе нема позиција “Потпреседателот на Владата задолжен за економски прашања“, бројот на претставници на Министерството за земјоделство од два се зголемува на три извршители во комисиите.

-  Согласно постоечките законски одредби земјоделците се соочуваат со проблем при поднесување на барање за продолжување на договорите за закуп, а негативно се одразува на земјоделското производство и на остварување на правата на финансиска подршка од Програмите за финасиска поддршка во земјоделството. Се создава вакум период каде договорот се раскинува и во една временски долга постапка се склучува нов договор за закуп – стои во законот доставен во Собранието.

Во законот е исто така посочено дека со постоечката одредба земјоделците мораат да копачат дел од насадите, а со тоа само ги намалуваат површините под долгогодишни култури, се намалуват средствата за закуп и се уситнува земјоделското земјиште.

-  Наспроти тоа со измените предвидуваме обновување и подигање на нови насади за сметка на старите, а со тоа ќе се стопира постапката за интензивното намалување на површините под долгогодишни култури. Се дава можност за обнова на насадите по постоечките договори под исти услови за подолг временски период со што ќе се овозможи планско производство и зголемени инвестиции – се појаснува во него.

Земјоделците кои поседуваат правен акт со кој ја докажуваат сопственост на насадите ќе имат можност да го решат нерегулираниот статус над земјоделското земјиште согласно правото на сопственост над насадите освен за земјиште за кое се водат судски постапки.

Сопственоста како гарантирано право над насадот ќе ја следи правната постапка за склучување на договри за закуп и ставање во една правна рамка на земјиштето кое во моментот има нерешен правен статус.

-  Mакедонија како носител на сопственоста на земјиштето ќе остварува профит по основ на овие измени на законот и ќе се намали злоупотребата од бесправно користење на државно земјоделско земјиште. Ќе се оствари прилив на средства од закуп на земјиште, ќе престанат долгите судски постапки и енормно високите трошоци за плаќање на штети по судски пресуди по основ на право на сопственост на насади – се нагласува во законот.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија