СЕ ЧЕКА ПРЕСУДА ЗА АФЕРАТА ФАЈЗЕРГЕЈТ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК: Судот на ЕУ за тајните пораки за набавка на вакцините против ковид
Објавено во: Свет 12 Мај, 2025 13:00
Претседателката
на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела се соочува со еден од
најголемите предизвици во нејзиниот мандат на чело на главното извршно тело на
ЕУ. Судот на правдата на Европската Унија ќе ја донесе својата пресуда во среда
за таканаречениот скандал Фајзергејт, кој произлезе од нејзината размена на
пораки со извршниот директор на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла,
во пресрет на потпишувањето на огромен договор за набавка на вакцина против
Ковид.
Пресудата би можела да има длабоки последици врз европската политика за транспарентност и јавната доверба во институциите на ЕУ. Не станува збор само за потенцијално кршење на правилата за пристап до документи, туку и за начинот на кој врвот на Европската комисија се однесуваше кон јавната одговорност во време кога се донесуваа историски одлуки што директно влијаеја врз животите на стотици милиони луѓе.
Сè започна кога „Њујорк тајмс“ откри дека фон дер Лајен лично комуницирала со директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, преку СМС-пораки, во периодот пред потпишувањето на најголемиот договор за вакцини во историјата на ЕУ. Договорот, потпишан во мај 2021 година, беше вреден неколку милијарди евра и вклучуваше нарачка за до 1,8 милијарди дози од вакцината „Фајзер-БиоНТек“ за периодот од 2022 до 2023 година.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




