14 Декември, 2025
0.1383

СЕ БЛИЖИ НОВА ГОДИНА: Во Охрид ќе допатуваат соседите, но каде ќе патуваат Македонците?

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 07:38

Добивај вести на Viber

За Нова година на охридското крајбрежје ќе има гости од соседните земји. Новата година во земјава ќе ја дочекаат туристи од Бугарија, Србија, Грција, мал дел и од Албанија. За празниците, како и претходните години, се очекува и голем дел од нашинците кои живеат и работат во странство да дојдат во земјава.

„За Нова година некои хотели се пополнети, тие што имаат дочеци, а тие што немаат организиран дочек, тие се отворени само за ноќевање, ќе има места. Oние што имаат организиран дочек, поголемите хотели се прилично исполнети. Има најави за туристи, стандардно од Бугарија и од околните држави. Ќе има гости од Србија, нешто во помал број и од Албанија, а  Грците доаѓаат за Божиќ, и така се спојуваат 7-8 до 10 дена.  И дијаспората доаѓа, тие си имаат сместување тука, но доаѓаат за дочек“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Од друга страна, македонските граѓани, секој според можностите, ќе патуваат во регионот, но и подалеку. За патување во странство за најлудата ноќ, граѓаните ќе треба да одвојат минимум 100 евра, а за посета на далечните и егзотични дестинации, патувањето чини многу поскапо и за тоа задоволство ќе треба да потрошат над 1.000 или над 1.500 евра.

„Барани дестинации се Малта, Истанбул, Рим, авионски ќе патуваат до таму. Тоа се дестинации до каде има директни летови. Дел од патниците одат во Банско, Боровец, има поволни пакети, и тоа за нив е атрактивно. Со години ги бараат истите места. Аранжманите се по 3-4 ноќевања. Дефинитивно има и луѓе кои се заинтересирани за егзотичните дестинации, Малдиви, Сејшели, Куба, но цените се повисоки. Тоа се поединци кои сакаат да ја дочекаат Новата година на места каде е топло“, додаваат од скопска туристичка агенција.

Но, има и луѓе кои сакаат да патуваат со автобус и тоа на познати дестинации во регионот.

„Ги бараат Истанбул, Букурешт, Будимпешта, Атина, за Будва има интерес меѓу младите, Тиват, Херцег Нови. Има и автобуси и авионски патувања“, додаваат од агенцијата Нова травел од Струмица.

Некои агенции воопшто не нудат аранжмани за Нова година, туку само за летните одмори, но од секторот нагласуваат дека посета на егзотичните дестинации за Нова година чини поскапо за разлика од друг период од годината. Побогатите граѓани можат да си дозволат да заминат за празниците во Мароко, во Доминиканската Република, во Мексико или на некое друго место и не штедат на патувања. Ако гледаме статистички податоци за тоа кои се најчестите гости преку целата година во земјава, убедливо најбројни се Турците и Србите.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/EyeEm

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“