Се ближи ли крајот на пандемијата на коронавирусот?
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2023 10:10
Коронавирусот и натаму е закана за светот. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вирусот уште е вонредна меѓународна јавноздравствена криза.
Според СЗО, пандемијата веројатно е во „преодна точка“ која и натаму бара внимателно управување за да се „ублажат потенцијално негативните последици“.
Пред три години СЗО го прогласи ковид-19 за светска здравствена опасност. Во пандемијата починаа повеќе од 6,8 милиони луѓе во сите делови од светот, а болеста негативно влијаела и на светската економија и функционирањето на општеството. Главниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус изразил надеж дека вонредната состојба ќе се укине оваа година, посебно ако на глобално ниво се подобри пристапот до мерките против болеста. САД на 11 мај ја укинува вонредната состојба.
Вирусот се појави во Вухан во Кина и однесе милиони луѓе во смрт.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




