15 Декември, 2025
0.1321

„Се ангажираат лица кои не можат да одговорат на потребите“: Контрoлорите на летови на 12 октомври ќе штрајкуваат

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2023 10:25

Добивај вести на Viber

Синдикатот на контролори на летање  во АД во државна сопственост за услуги во воздухопловната навигација М-НАВ најавува штрајк на 12 октомври, при што во периодот од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови на Скопскиот и Охридскиот аеродром. 

Претседателот на Синдикатот Александар Тасевски посочи дека бараат да се запре со непрофесионалното однесување од директорите во однос на процесите за вработувања, внатрешни прераспоредувања, услови за работа и опрема која треба да се имплементира за да се модернизира системот за работа.

На неповолните состојби, како што вели, укажуваат долго време, а го информирале и Министерството за транспорт. 

- Вработувањата се прават спротивно на актите за кариерен развој, се даваат приоритети на тие кои ги одбираат директорите за вработување, а тоа не гарантира квалитет на личноста и создава револт кај квалитетните кадри на кои не им се дава шанса за напредок - вели Тасевски и дополнува дека се бара прекин во хаотичното однесување. 

Тој истакна дека бараат професионално однесување, а контролата на летање да си го добие своето место и во рамки на балканските контроли на летање и во Европа. 

- Во служби што се превработени се зголемува бројот, се распишуваат конкурси што траат по три дена, а лицата што ги ангажираат на тие работни позиции не можат да одговорат на потребите на работниот процес, што потоа  се користи како изговор пак за дополнителни вработувања - вели Тасевски. 

Посочува дека од над 300 вработени во Контрола на летање оперативни контролори се само 70,  наспроти како што вели на пример во Словенија  каде има 240 вработени, но 120 контролори. 

Едно од барањата е и да се ангажира фирма од надвор која ќе изврши функционална анализа за тоа кои служби и профилни кадри се потребни, како документ што во иднина ќе им биде поткрепа при неосновани постапки од раководството.

Реагираат и поради, како што вели, застарената опрема инсталирана во 1999 година која досега само се одржува, иако треба да се менува на секои седум години. 

- По тендерот за набавка од 2014 година конечно е донесена, а ќе се монтира во просторија за која е добиена привремена употребна дозвола, а за обновата на таа просторија се потрешени приближно половина милион евра - вели Тасевски.

Поради ваквата состојба на опремата, укажува Тасевски, годинава воведовме рестрикции да не прифаќаме поголем број на авиони за прелет бидејќи опремата не беше во можност да ги одбработи. Се соочуваме и со проблеми со вода и одржување на хигиенски услови. 

Откако ја објавиле информацијата за штрајкот Тасевски вели дека почнал да добива телефонски закани за кои пријавил во полицијата и во ракодството на М-НАВ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија