18 Декември, 2025
0.1674

СДСМ ЗА МИЦКОСКИ: Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2024 16:53

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека премиерот Христијан Мицкоски едно зборува, а друго прави. 

Откако Мицкоски во вчерашниот празничен говор по повод 8 Септември, испрати порака до опозицијата дека треба да се „декриминализира“ и да се реформира, а сите останати структури во државата да се борат против криминалот, корупцијата, иселувањето, за влез во Европската Унија и заштита на националните интереси, одговор пристигна од СДСМ.

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод Денот на независноста. Протоколарните пораки за обединување, за жал, немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци. Всушност, речиси сите 10 точки од наводната платформа се чиста спротивност на намерите и политиките на партијата на власт. Така што оваа платформа треба да се чита спротивно на тоа што е кажана“, велат од опозициската партија.

Оттаму сметаат дека повиците за декриминализација на опозицијата се „очаен обид да се покријат сопствените скандали во кои тоне Мицкоски“.

Освен партиската говорница за сеење лаги и измислени скандали против опозицијата, Мицкоски не успеа да докаже никаква криминализација. Но, докажа дека тој ја криминализира, партизира и злоупотребува државата секој ден. Додека Мицкоски вели дека дека морала да се прекине партизацијата во општеството, тој и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат груба партизација на државниот апарат. Се казнуваат и шиканираат сите кои не се подредени зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Се омаловажуваат и прераспределуваат вработени, се вработуваат некомпетентни партиски кадри за кои се смее цела држава. Се етикетираат поединци и групи кои различно мислат или бараат нешто што ВМРО-ДПМНЕ не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ спроведува партизирање на секое општествено ниво, дури за болни теми како што се лични образовни асистенти“, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека наутро Мицкоски вели дека мора да се стави крај на етничките теми и поларизација, а попладне ВМРО-ДПМНЕ подгрева етнички тензии, креира заговори за дестабили

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот