29 Февруари, 2024
0.0286

СДСМ со фотографија: Мицкоски седи со уапсен за дрога од 120.000 евра

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

СДСМ објави фотографија за која тврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е седнат до скоро уапсено лице од Грчец за дрога вредна 120.000 евра. На објавената фотографија е и пратеникот Антонијо Милошоски, а владеачката партија соопшти дека уапсениот бил фатен од полицијата во акција на 3 декември.

„Нов скандал: Мицкоски на иста маса со уапсен за трговија со 32 килограми дрога!Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец (крајно десно) уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога.

Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра.

Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога? Многу бело се насобра околу ДПМНЕ. Пукаат скандали тоа со дрога секој ден“, објави СДСМ.

Вчера претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, било фатено од МВР како употребува наркотични средства во угостителски објект.

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид и во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.



Можеби ќе ве интересира

ЗАПИРА РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ: Над илјада функционери нема да добијат ново покачување

ЗАПИРА РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ: Над илјада функционери нема да добијат ново покачување

ОБВИНЕТА БЕШЕ КАНЧЕСКА - МИЛЕВСКА: Застаре и случајот ,,Тендери”

ОБВИНЕТА БЕШЕ КАНЧЕСКА - МИЛЕВСКА: Застаре и случајот ,,Тендери”

КАРПОШАНИ СИ ГО САКААТ СТЕВЧО, КУМАНОВЦИ НАЈМНОГУ ЗА МАКСИМ - еве каде собираат најмногу потписи претседателските кандидати

КАРПОШАНИ СИ ГО САКААТ СТЕВЧО, КУМАНОВЦИ НАЈМНОГУ ЗА МАКСИМ - еве каде собираат најмногу потписи претседателските кандидати

ДАЛИ ПОЗНАТИОТ НЕВРОХИРУРГ ФИЛИПЧЕ Е МОЖЕН НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4? - чествување во Прилеп, се подготвува ли теренот за негово лансирање

ДАЛИ ПОЗНАТИОТ НЕВРОХИРУРГ ФИЛИПЧЕ Е МОЖЕН НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4? - чествување во Прилеп, се подготвува ли теренот за негово лансирање

Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

ОПШТИНА СТРУМИЦА СО АКЦИЈА ЗА ЛЕО: Паркирај и донирај!

ОПШТИНА СТРУМИЦА СО АКЦИЈА ЗА ЛЕО: Паркирај и донирај!

КОГА ЌЕ ПОЧНЕ КАМПАЊАТА ЌЕ ВАЖАТ СТРОГИ ПРАВИЛА НА ИГРА: Нема употреба на државни ресурси за партиски цели

КОГА ЌЕ ПОЧНЕ КАМПАЊАТА ЌЕ ВАЖАТ СТРОГИ ПРАВИЛА НА ИГРА: Нема употреба на државни ресурси за партиски цели

НА ПРОФЕСОРКАТА ВАНКОВСКА И НЕДОСТИГААТ ПОМАЛКУ ОД 1.000 ПОТПИСИ: „Броиме ситно“, објави Апасиев

НА ПРОФЕСОРКАТА ВАНКОВСКА И НЕДОСТИГААТ ПОМАЛКУ ОД 1.000 ПОТПИСИ: „Броиме ситно“, објави Апасиев

ЌЕ МУ БИДАТ ЛИ ПОКРИЕНИ ТРОШОЦИТЕ НА ЛЕОНИД?: Демири вели комплетно се посветени на изнаоѓање решение

ЌЕ МУ БИДАТ ЛИ ПОКРИЕНИ ТРОШОЦИТЕ НА ЛЕОНИД?: Демири вели комплетно се посветени на изнаоѓање решение