26 Април, 2024
0.0282

СДСМ се фали: Обезбедивме двојно повисока откупна цена на тутунот од времето на ВМРО ДПМНЕ

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

СДСМ обезбеди двојно повисока откупна цена на тутунот, од 118 денари по килограм во времето на ВМРО-ДПМНЕ, денес таа изнесува  222.5 денари, соопштуваат од владечката партија.

Од таму велат дека аграрните мерки и политики на СДСМ имаат директно влијание на одржување на трендот на раст на  откупната цена на тутунот која сега има највисоко ниво во последните шест години, па така просечната откупна цена за килограм тутун од реколтата 2019-та изнесува 222,5 денари за килограм и е речиси два пати повисока во однос на 2014 година кога беше 118 денари.

„Претходните две години пак, реколтата 2017-та тутунот се откупуваше по  217,6 денари за килограм, а 2018 цената беше 214,5 денари за килограм.

Преку навремени, неселективни и повисоки субвенции, тутунарите добија поттик да произведуваат висококвалитетен тутун, што имаше сериозен импакт врз откупната цена.

Денес, субвенциите за прва класа тутун изнесуваат 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Досега се откупени 20 милиони килограми тутун, односно 80 отсто од планираниот откуп. Вредноста на откупениот тутун изнесува скоро 4,3 милијарди денари, од кои на тутунопроизводителите веќе им се исплатени 4,1 милијарди“, истакнуваат од партијата на Зоран Заев.

Дополнително, додаваат, со новиот закон за тутун од оваа година се укинуваат евидентните листови, со што значително се олеснуваат административните процедури за тутунопроизводителите, кои ќе ги склучуваат договорите директно со откупните претпријатија.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со земјоделците, со СДСМ трудот на тутунарите се цени и плаќа. Тутунопроизводството е една од стратешките гранки во земјоделскиот сектор кој што добива силна поддршка од Владата на Република Северна Македонија.

Со СДСМ земјоделството е на прав пат и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април“, посочија во утринското соопштение од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката