14 Декември, 2025
0.0352

СДСМ ОБЈАВИ СМЕТКИ ОД „ГОЗБИТЕ НА КОЧОСКА И МИЦКОСКИ“: „Неморал и аздисаност“

Објавено во: Македонија 03 Март, 2025 14:04

Добивај вести на Viber

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, објави сметки од времето кога министерката Кочоска била директор на финансии на ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата компанија.
Неморал и аздисаност, СДСМ објави сметки од гозбите на Кочоска и Мицкоски.

Неморалот на Кочоска не е само во навредите и дискриминациите кон жените туку и во аздисаното трошење на народни пари.

Денеска ќе објавиме сметки и фактури од времето кога Кочоска била директор за финансии во ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата државна компанија.

Јавноста ќе види како со народни пари се плаќале гозби по кафани и ресторани, со потписи на Кочоска и Мицкоски.

Ова е фискална сметка од ресторан во Белград, соседна Србија, вредна околу 100 евра, потпишана од Кочоска и Мицкоски.

Што се јадело и пиело на сметка на народот:

Џони вокер - блек, Дуњовача, Поховани јагнешки шницли, Купус салата, ќебапи, Крвав бифтек, чоколадно суфле, крем пита, „И као да си Анџео“.

Потпишани Кочоска и Мицкоски. Кафана во Белград.

Ова е фактура за кетеринг услуги, 110 илјади денари во еден ресторан во Скопје. Исто така потпишано од Кочовска и Мицкоски.

Еве уште една фактура, 38.000 денари, од еден ресторан во Брвеница. Потпис, Кочоска и Мицкоски.

Една минимална плата, едно седнување, 21.270 денари во истиот ресотран.

Истата Кочоска која заедно со Мицкоски не даваат да се покачи минималната плата, им кажуваат на граѓаните и работниците каков грашок да јадат, дали треба цреши и грозје да си купат. Гозби, ручеци, кетернзи. Како да не знаеле да сопрат од кафани и ресторани.

Продолжуваме понатаму, нова фактура, 10.500 денари на ЕЛЕМ, сектор финанции, од познат ресторант во Скопје.

Уште една, 8.500 денари, ресторан во Брвеница.
 Па уште една, 9.200 денари.

Сите, во време кога со ЕЛЕМ управува Мицкоски а Кочоска е директор за финансии.

Ова е расипничко трошење на парите на граѓаните и аздисано однесување. Лажните “домаќини“ и моралисти парите на народот за по кафани и ресторани ги фрлале.

Не им било гајле ниту колку пари ќе потрошат.

Ако како први луѓе на ЕЛЕМ вака аздисувале, можеме само да претпоставиме што се случува сега“, напиша тој на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?