18 Декември, 2025
0.0713

СДСМ: Наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2024 15:13

Добивај вести на Viber

Oд СДСМ велат дека наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите.

Од партијата додаваат дека ова е срамно и претставува обид за амортизација на незадоволството коешто постои. 

„Владата на Христијан Мицкоски ги потценува наставниците и нивниот труд. На наставниците и просветните работници не им требаат утешителни награди туку реален раст на платите“, велат од СДСМ.

Додаваат дека наставниците заслужуваат поголема почит и поддршка за нивниот труд и напор во воспитувањето на идните генерации, а не минимални, козметички зголемувања на плати кои не одговараат на реалните потреби.

Од СДСМ велат дека во предизборната кампања, премиерот Христијан Мицкоски и неговите соработници ветуваа значајно подобрување на животниот стандард на наставниците, но сега, кога се на власт, ги заборавија своите ветувања и се фрлија на манипулација.

„Манипулацијата очигледно е со цел да се спречи најавуваниот штрајк во образованието а не да им се излезе во пресрет на наставниците. Се потврди дека изговорите дека нема пари во буџетот, како што велеше Мицкоски, се само алиби за да не им бидат покачени платите. Пари има во буџетот а наставниците и просветните работници заслужуваат реално и вистинско зголемување на платите кое треба да биде 12 отсто. Затоа бараме платите на наставниците да се зголемат за 12 отсто како што им следува. Владата на Мицкоски мора да престане со лагите и манипулациите, и да преземе конкретни чекори за да обезбеди достоинствена плата и услови за работа на наставниците, како што беше ветено“, се вели во соопштението од партијата.

Мицкоски денеска соопшти дека од октомвриската плата, наставниците ќе добијат за 5 отсто зголемување. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми