„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија
Објавено во: Економија 23 Мај, 2025 09:56
Во рамките на Економскиот бизнис форум, регионален настан што се одржа во Сараево, министерот за економија Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со Неговата екселенција, Абдулазиз Алсакран, една од клучните личности во економската дипломатија на Кралството Саудиска Арабија, кој ја извршува функцијата заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија (GAFT).
- Оваа средба го означи еден од најзначајните моменти на форумот, отворајќи нови хоризонти на економска соработка и потврдувајќи ја активната позиција на Македонија, преку ВЛЕН, во градењето стратешки партнерства со најмоќните глобални економии - истакнуваат од партијата во соопштението испратено до медиумите.
Додаваат дека двете страни го потврдија својот заеднички интерес за зголемување на трговската размена, која моментално изнесува 44 милиони долари, со цел надминување на ова ниво преку заеднички иницијативи и конкретни развојни проекти.
- На состанокот беа разгледани повеќе прашања од стратешко значење, меѓу кои и организирање заеднички бизнис форуми и спроведување меѓусебни посети на економски делегации.
Создавање услови за саудиски инвестиции во сектори со висок приоритет за економскиот развој на земјата, како што се земјоделството, туризмот и одржливата инфраструктура.
Поддршка за развој на скијачкиот центар “Попова Шапка“ во Тетово, како клучен проект за промоција на планинскиот туризам и економскиот развој на Полошкиот регион.
Поттикнување на халал сертификација на локалните производи, со цел зголемување на извозот и диверзификација на меѓународните пазари - соопштуваат од партијата.

Од таму додаваат дека економијата на Македонија има значителен потенцијал, а со стратешки партнери како Саудиска Арабија, овој потенцијал може да се трансформира во конкретни проекти што ќе донесат развој, вработување и благосостојба за граѓаните.
- ВЛЕН останува посветен на градење одржливи мостови на меѓународна економска соработка, со јасна визија да донесе квалитетни инвестиции кои директно влијаат врз животот на граѓаните и рамномерниот развој на сите региони во земјата - заклучуваат на крајот од соопштението.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




