24 Април, 2024
0.0291

Сашо Мијалков осуден на 12 години казна затвор за „Таргет Тврдина“

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Сашо Мијалков е осуден првостепено на вкупна казна затвор од 12 години за случајот „Таргет тврдина“ за нелегално прислушкување.  На поранешниот шеф на тајната полиција му се засметува и времето поминато во притвор.

За останатите обвинети, Горан Грујевски доби казна затвор од 15 години, за Тони Јакимовски 6 години, на Гордана Јанкуловска и беше одредена затворска казна од 4  години, Никола Бошковски 15 години. Надица Николиќ доби три години, Владимир Варелов со две години условна казна. Силвана Златкова е осудена две години условно. Васил Исаковски е осуден условно исто така на две години. Валентина Симоновска е исто условно казнета со две години казна затвор.

87 милиони денари ќе треба Бошковски, Јакимовски, Грујевски и Јанкулоска да и платата на Агенцијата за национална безбедност како имотно-правното побарување како штетата од уништувањето на опремата.  Судењето по предметот започна на 22 декември 2017 година. Сите прислушкувани ќе имаат право да тужат на граѓанска парница.

Обвинителството неспорно докажало дека обвинетиот Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Тони Јакимовски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетата Гордана Јанкулоска сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“; обвинетиот Никола Бошковски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Сашо Мијалков сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Според Обвинителството, Надица Николиќ сторила кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“; обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”, како и дека обвинетата Валентина Симоновска, сторила кривичнo делo „фалсификување службена исправа“. 


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните