14 Декември, 2025
0.0603

САШО МИЈАЛКОВ НАМЕСТО ОД УТРЕ ВО ЗАТВОР ОД 22 АВГУСТ, добил одложување од две недели

Објавено во: Македонија 07 Август, 2022 18:21

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, иако од утре требаше да оди во затвор, тоа нема да се случи, јавува ТВ 24. Мијалков до надлежниот охридски суд побарал одложување на казната, а судот го прифатил барањето. 

Наводно судијата му дозволил да го одложи влегувањето во струшкиот затвор, но само за две недели. По истекот на овој рок, Мијалков сепак ќе мора да се пријави во затворот. Откако експресно од скопјанец стана охриѓанец поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков казната од три години затвор ќе ја одлежува во Струга. 

Затворски извори за ТВ 24 објаснуваат дека откако ќе почне да ја издржува казната затвор, третманот на Мијалков ќе биде ист како и за другите затвореници.  Причина за ова е тоа што затворот во Струга е од отворен тип и таму не постојат посебни одделенија како што има во другите затвори.

Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Империја“. Со спогодбата, Мијалков е осуден на 3 години затвор. Освен ова му беше изречена и парична казна во износ од шест милиони евра, а му беше одземен и дел од имотот вреден околу 30 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина