26 Април, 2024
0.1964

Samsung QLED телевизорите со совршен звук и 8K - Бидете дел од акцијата

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics амбициозно влезе во 2020 година за целосно да доминира на полето на смарт телевизори со QLED екрани и 8K HD резолуција кои покрај огромните иновации во импресивната слика и визуелна презентација, нудат и совршен звук кој се адаптира на потребите на корисникот благодарение на примена на решенија со вештачка интелигенција.

8K HD резолуцијата нуди за 4 пати повисока резолуција од 4K HD и 16 пати повеќе од стандардната HD 1080p резолуција. Сликата со 8K резолуција и QLED екраните на Samsung целосно оживува пред вас, нудејќи совршена длабочина, најбогати бои и контраст, а преку Quantum HDR стандардот ги прикажува на површина и најситните детали.

Замислата на Samsung е со новите модели на QLED 8K телевизори да им овозможи на корисниците да почувствуваат како да се дел од акцијата која се одвива на екранот, додека пак на тие кои уживаат слушајќи музика да им понуди квалитет на звук кој е неспоредлив со конкуренцијата.

Совршена комбинација на слика и звук со смарт решенија

Благодарение на Smart Screen технологијата и големиот број на вградени звучници во QLED 8K телевизорите имаат многу богат, прецизен и истенчен звук.

Меѓу овие решенија се Active Voice Amplifier кој го елиминира шумот во позадина за непречено аудио искуство за корисниците, односно оваа опција опција автоматски ги препознава овие прекини и соодветно ја прилагодува јасноста на гласот.

Понатаму со уникатната алатка Objecting Tracking Sound + (OTS +) се добива напредна комбинација на вградените звучници од сите позиции и така сликата оживува до вас, односно може лесно да ги доживеете сите звучни детали и ефекти.

За ненадминливо искуство при гледањето на содржини или слушање музика се грижи алатката Q-Symphony при спојување со Samsung Q soundbar додатокот со што ќе се одржуваат активни горните и долните звучници.

Премиум Q soundbar додатоци за звук кој ќе ве освои

Дополнителните Q soundbar додатоци од новата серија за 2020 година исто така го следат целиот иновативен и технолошки исчекор, нудејќи им на корисниците подлабока интеграција со самиот смарт телевизор. Тоа што е уште поважно за корисниците е гаранцијата дека со моделите Q800T, Q70T и Q60T добиваат максимално искористување на потенцијалот на технологијата Samsung Acoustic Beam која ги исполнува врвните аудио стандарди како Dolby Atmos и DTS: X.

Предноста лежи и во тоа што Q soundbar додатоците може да се користат самостојно за слушање музика и аудио содржини и без поврзување со смарт телевизорот. Тие пленат со стилскиот изглед кој ќе го надополни внатрешниот ентериер и ќе ја збогати домашната атмосфера и забава.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“