07 Мај, 2024
0.0234

Samsung го засилува производството на Galaxy S6 поради високата побарувачка

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics Co. започна со производство во трета фабрика за смартфони со закривени екрани и тоа побрзо од очекуваното, бидејќи побарувачката на телефонот Galaxy S6 Edge се зголемува, тврдат извори запознаени со прашањето.

Новата производна линија му овозможува на Samsung Display Co. да се зголеми повеќе од двојно производството од 2 на 5 милиони екрани дополнуваат изворите цитирани од Bloomberg.

Samsung Electronics предвидува рекордни продажби на серијата Galaxy S6, која вклучува и еден модел со традиционалниот рамен екран, бидејќи компанијата се обидува да ги привлече назад потрошувачите кои се насочија кон новите телефони iPhone на Apple со поголеми екрани и кон кинеските компании кои продаваат поевтини уреди.

Побарувачката на новите уреди на Samsung ги надмина очекувањата на компанијата по лансирањето на продажбата на 10-ти април, откриваат изворите.

Во моментов Samsung Display има три фабрики за производство на дисплеи со органски диоди, или OLED кои нудат детални слики со помала моќност од LCD дисплеи. Новата производна линија го користи местото кое се наоѓа јужно од Сеул. Таа се наоѓа во близина на една од фабриките на компанијата, каде се прават заоблени екрани.

Samsung Electronics работи на подобрувањето и зголемувањето на производството, за да може да одговори на побарувачката на своите уреди, коментира извршниот директор Јонг-Кен Шин на 9-ти април, ден пред новите телефони да бидат пуштени во продажба во 20 земји во светот, вклучувајќи во САД, Велика Британија и Германија.

Портпаролот на Samsung Display одбива да ги коментира плановите на компанијата и целите кои си ги поставиле во однос на производството на заоблени екрани.

Бизнисот со дисплеи e 85% сопственост на Samsung Electronics, а остатокот му припаѓа на Samsung SDI Co. Samsung Display работи за телефоните Galaxy и за уреди на други компании, вклучувајќи и за iPad и MacBook на Apple.

Во четвртиот квартал Samsung ја загуби категорично својата водечка улога како најголем производител во светот на паметните телефони и отстапи првото место на Apple, покажуваат податоците на Strategy Analytics.

Samsung очекува да продаде повеќе од 70 милиони примероци од својот нов телефон, објави на 15-ти април Korea Times, повикувајќи се на неименуван претставник на раководството на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“