27 Април, 2024
0.1377

Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега и со најдобри перформанси во класата

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Предводникот на светскиот пазар на гејминг монитори[1], компанијатаSamsung Electronics Co., Ltd., на глобално ниво го претстави иновативниот Odyssey G7 гејминг монитор. Овој уред првпат беше откриен на CES 2020 во Лас Вегас и претставува автентичен чекор напред во областа на полето на гејмингот, комбинирајќи го најзакривениот екран досега со најдобрите перформанси во класата.

Odyssey G7 е првиот 1000R монитор во светот, што значи дека има радиус на искривување од 1000 милиметри. Доаѓа со комбинација на моќни перформанси, како што е одзив од 1ms, стапка на освежување на екранот од 240Hz и кристално чиста QLED слика, која ќе им овозможи на гејмерите незаборавно искуство.

Перформансите на овие монитори е потврдена од TÜV Rheinland, водечката светска организација за сертификација на уреди, која ги препозна како најдобрите 1000R закривени гејминг монитори во индустријата, доделувајќи им ги сертификатот Eye Comfort, за гејминг искуство кое е „најзадоволително за човечкото око“.

„Како глобален лидер на пазарот за гејминг монитори, Samsung продолжува да претставува иновативни уреди кои обезбедуваат гејминг искуство за новите генерации, поместувајќи ги границите на возможното“, изјави Hyesung Ha, виш потпретседател на одделението за визуелните дисплеи во компанијата Samsung Electronics. „Odyssey G7 е врвна комбинација на комфор, проширена перспектива, врвни перформанси и пријатно визуелно искуство.“

Моделите од 27 и 32-инчи ги карактеризира Wide Quad-High Definition резолуција (WQHD; 2.560 х 1.440), сооднос на слика 16:9, светлина на екранот од 600 cd/m2 иQuantum dot технологија за исклучително прецизен приказ на боите, без оглед на осветлувањето.

Samsung на овој модел примени футуристички дизајн заснован на темелно истражување на пазарот и коментарите на корисниците. Мат-црниот надворешен дел на куќиштето е поврзан со задниот дел во кој се вградени светла и чија боја може да се промени според желбите на играчот.

G7 поддржува NVIDIA G-SYNC®, како и Adaptive Sync технологии за прикажување, кои се задолжени да им овозможат на играчите исклучително динамично и непречено искуство во текот на играта.

Samsung Odyssey мониторите ќе бидат достапни низ целиот свет во текот на јуни. За повеќе информации, посетете ја https://displaysolutions.samsung.com/monitor/odyssey.



[1] Извор: IDC Worldwide Quarterly Gaming Tracker, 2019 Q4 data




Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“