29 Април, 2024
0.0260

Самсунг го представи европското издание на Family Hub ладилникот на саемот IFA 2016

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Самсунг (Samsung) објави дека европското издание на популарниот модел на ладилник Family Hub ќе биде претставено на саемот IFA 2016 во Берлин. Новиот уред со две врати има ладилник во горниот, а замрзнувач во долниот дел - конфигурација која повеќе одговара на вкусот на потрошувачите ширум Европа.

02_Family Hub_Detail_SilverКако и оригиналниот Family Hub, европското издание ја има уникатната технологија на Самсунг на двојно ладење - Twin Cooling PlusTM, која поединечно ги лади ладилникот и замрзнувачот со помош на два засебни испарувачи, оддржувајќи ја температурата и влажноста на оптималнониво за чување на храна. Family Hub ладилникот исто така може да се пофали и со технологијата за прецизно ладење под името Precise Chef CoolingTMкоја овозможува одржување на температурата со многу мала флуктација од само ± 0,5степени. Заедно, овие две технологии им помагаат на корисниците да ја сочуваат свежината на намирниците при оптимална температура во најголема можна мера, без мешање на мирисот помеѓу ладилникот и замрзнувачот.

03_Family Hub_Dynamic_Silver

Камерите кои ја снимаат внатрешноста на ладилникот ја сликаат неговата содржина секогаш кога ќе се затвори вратата. Корисниците лесно може да видат што имаат во ладилникот во било кој момент и од било која локација со помош на својот паметен телефон. Сопствениците на овој модел исто така може да го следат и рокот на траење на продуктите внесувајќи го бројот на денови кои останале до истекот на нивната трајност. Овој број потоа автоматски се намалува, а детални информации може да се видат на екранот чувствителен на допир без отворање на ладилникот, преку апликацијата потсетник за намирници - Food Reminder.

Потрошувачите сега може лесно да ја извршат набавката на намирници со купување преку интернет. Самсунг стана партнер со различни сервиси за купување на намирници преку интернет од целиот регион, како што се Eataly, Supermercato24, и coop@home во Европа. Сопствениците на Family Hub моделот исто така може да пристапат кон ексклузивните рецепти за членовите на Самсунг клубот на врвни готвачи „Club des Chefs“, како и илјада рецепти од глобалните партнери како All Recepies, најчесто превземаната апликација за рецепти на светот Whisk и CHEFKOCH.DE.

01_Family Hub_Front_Silver

Прицврстен на вратата на европскиот модел на Family Hub се наоѓа екран чувствителен на допир со дијагонала од 21,5 инчи кој може да служи како интерактивна „пиши-бриши“ табла за целото семејство. Со помош на апликацијата Smart Homeна Самсунг за паметен дом, членовите на семејството може да споделуваат слики и пораки во реално време, без разлика на тоа каде се наоѓаат. Корисниците исто така може да ги синхронизираат своите календари од паметните телефони и да го споделат својот распоред со дневни обврски со користење на апликацијата Sticki.

Со оглед на тоа дека кујната претставува срце на домот и место за собирање на сите членови на семејството, Family Hub ладилникот на Самсунг совршено одговара и за моментите кога поширокото семејство и пријателите ќе пристигнат на гости. Ладилникот нуди опција да ја прикаже содржината која се прикажува на телевизија и да пушта музика преку својот вграден звучник. Family Hub е модел со кој Самсунг воведува нова дефиниција во употребата на кујната. Со улогата во припремата и чувањето на храната, Family Hub може да служи и како алатка за комуникација помеѓу членовите на семејството, за забава и услуги од доменот на паметните домови. Со овие функции ладилникот Family Hub ја трансформира кујната во идеален простор за семејни дружења.

05_Family Hub_Detail_Black

"Го дизајниравме Family Hub ладилникот според потребите на семејствата и модерните домаќинства во Европа. Со воведување на ненадминлива технологија и со функцијата на поврзување, која суштински се вклопува во начинот на живот низ Европа, имаме намера да ја задржиме својата лидерска позицијана европскиот пазар за ладилници.“, изјави Су Бјунг-Сам (Su Bjung-Sam), Шеф на Дивизија за дигитални уреди за домаќинство во компанијата Самсунг.

Штандот на компанијата Самсунг ќе биде отворен на ниво 2 во City Cube халата во Берлин од 2. до 7. Септември, за времетраење на саемот IFA 2016.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг