27 Април, 2024
0.0276

Samsung Galaxy Tab S6 Lite (2024): Стил и функција во компактно пакување

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics денес го објави Galaxy Tab S6 Lite (2024), стилски таблет дизајниран и за работа и за игра. Заедно со високопрецизното пенкало S Pen и нудејќи сигурна моќ во перформансите, Galaxy Tab S6 Lite (2024) ја максимизира инспирацијата, идеите и резултатите за студентите, младите професионалци и семејствата подеднакво.

„Ние во Samsung сме свесни дека животот е брз, работата е динамична и на потрошувачите им е потребен уред, кој може да биде во чекор со нивниот зафатен секојдневен начин на живот“, рече Џунхо Парк (Junho Park), потпретседател и раководител на тимот за планирање производи на Galaxy Ecosystem, MX Business во Samsung Electronics. „Galaxy Tab S6 Lite (2024) и неговото пенкало S Pen се врвни придружници за беспрекорно комбинирање на продуктивноста со забавата и креативноста, овозможувајќи им на луѓето да прават повеќе од она во што уживаат додека се во движење.“

Ново ниво во продуктивноста на бележењето

Galaxy Tab S6 Lite овозможува полесно и попријатно бележење идеи од кога било. Доаѓа во комплет со пенкало S Pen, кое е дизајнирано да ја зачува удобноста, дури и кога се држи долг временски период. Корисниците ќе уживаат да пишуваат или цртаат со пенкалото S Pen без разлика дали цртаат во Samsung Notes или ги запишуваат своите мисли - без отклучување на таблетот. И без потреба од посебен полнач, пенкалото S Pen е спремно кога и да се појави креативноста.

Носејќи ја продуктивноста уште подалеку, Galaxy Tab S6 Lite е целосно компатибилен со Galaxy уредите, вклучувајќи ги и слушалките Galaxy Buds FE, кои нудат непречено поврзување помеѓу повеќе уреди, за корисниците да можат да ја прошират својата креативност и да постигнат повеќе според сопствените услови во екосистемот Galaxy.

Стилски, пренослив и способен изведувач

Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди стилски дизајн, со премиум металик изглед достапен во ментол зелена, шифон розова и Оксфорд сива боја. Таблетот е компактен и лесен за зголемена преносливост, со тежина од само 465 g за безжичната верзија или 467 g кога е опремен со LTE. Дополнително, 10,4-инчниот екран на Galaxy Tab S6 Lite и тенката, симетрична рамка од 9 мм овозможуваат секоја верзија на таблетот да обезбеди пријатно доживување при гледањето.

Заедно со одличната продуктивност и функциите за забава, Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди долго траење на батеријата што овозможува 14-часовна непрекината репродукција на видео, обезбедувајќи им на корисниците сигурен уред за воодушевувачко искуство при гледање и креативна слобода. Бидејќи таблетот може без напор да менува апликации, корисниците ќе можат да искусат и поефикасен мултитаскинг.

Достапност

Galaxy Tab S6 Lite (2024) WIFI 4 + 64 GB ќе биде достапен од 28 март[1] по препорачана малопродажна цена од 25,999 денари, додека Galaxy Tab S6 Lite 2024 LTE 4 + 64 GB ќе биде достапен од 29,999 денари[2].

Спецификација на производот

Galaxy Tab S6 Lite (2024)

Екран

10.4-инчен, 2000 x 1200 (WUXGA+), TFT

* Мерено дијагонално како полн правоаголник без да се земат предвид заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата .

Оперативен систем

Android 14.0

Димензии

154.3 x 244.5 x 7.0 mm

Тежина 

465 g (Wi-Fi) | 467 g (LTE)

Камера

Задна

8 MP

Предна

5 MP

Меморија и складирање*

4 GB + 64 GB

4 GB + 128 GB

microSD до 1TB**

*Достапноста на просторот за складирање може да се разликува според пазарот, моделот, бојата или операторот. Вистинската достапност на просторот за складирање може да варира во зависност од претходно инсталираниот софтвер и од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката.

** MicroSD картичка се продава одделно.

Процесор 

Четири-јадрен 2.4 GHz +  Четири-јадрен 2.0 GHz

Батерија*

7040 mAh (вообичаена)

*Вообичаена вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Вообичаена вредност е проценетата просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 6.840 mAh.

Поврзаност

LTE*, Wi-Fi, Bluetooth® v 5.3

* Достапноста на моделот LTE варира во зависност од пазарот или операторот.

Боја

ментол зелена, шифон розова и Оксфорд сива

Звук

Звук на двојни звучници од AKG, Dolby Atmos®

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.



[1] Достапноста и времето на достапност може да се разликуваат во зависност од регионот..

[2]Samsung Electronics Austria GmbH не ги контролира, ниту влијае на малопродажните цени кај партнерите. Самите партнери на независно ги одредуваат своите малопродажни цени.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“