26 Април, 2024
0.0276

Самсунг Галакси C9 и C9+ сo „Додо“ и „БазФид“ направи супер бавна „слоу-мо“ камера

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс го најави своето партнерство со “БазФид“ и “Додо“ со цел креирање на позабавно секојдневие со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ (S9+) и нивната камера која креира Супер Бавни “Слоу-Мо“ видеа. Започнувајќи од денес, “БазФид“ – светски водечки технолошко развиен медиум, кој споделува новости и забавни информации низ повеќе платформи до стотици милиони луѓе на глобално ниво, и “Додо“ – број 1. дигитален медиумски бренд за животни/луѓе1и најпопуларен огласувач на “Фејсбук“ - ќе објавуваат забавни, интересни и споделливи супер бавни “слоу-мо“ видеа низ нивните платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги “Инстаграм“, “Твитер“ и “Фејсбук“.


Видеозаписите означени со хаштагови #withGalaxyи #SuperSlowMo, ќе им покажат на корисниците колку е едноставно креирањето и споделувањето на супер бавните “Слоу-мо“ содржини преку користење на паметните телефони Самсунг Галакси С9 и С9+. Ова партнерство ќе резултира со повеќе од 30 уникатни видеа со интересна содржина, достапна за широката публика на “БазФид“ и “Додо“ во следните два месеци. Поттикнати од моменталниот тренд на креирање и споделување на успорени видео содржини со Галакси С9 и С9+, објавите ќе опфаќаат уникатни моменти од секојдневниот живот – од примамливи кратки содржини до забавни видео записи. “БазФид“ ќе претстави секојдневни мигови во кои публиката ќе може да се препознае – насмевки, смеење и најразлични фацијални експресии, претворајќи ги во неверојатни мигови кои ќе сакате да ги споделите. “Додо“ ќе емитуваат смешни и емотивни видеа и приказни за животни снимени во одредени мигови, а сите овие содржини ќе бидат креирани со помош на Галакси С9 и С9+ во автентичен стил за “Додо“.

„Партнерството со ‘Базфид’ и ‘Додо’е природно, спонтано и претставува одличен начин да прикажеме како корисниците може да ги направат своите секојдневни моменти неверојатни со користење на Самсунг Галакси С9 и С9+ и нивната Супер ‘Слоу-Мо’ камера. Снимањето на сите мигови во еден момент никогаш не било поедноставно и со ова Партнерство сакаме да инспирираме и да поттикнеме уште покреативна Супер 'Слоу-Мо' содржина.”– изјави Јонгхи Ли , главен Маркетинг Директор и Извршен Потпретседател во компанијата Самсунг Електроникс.

Самсунг Галакси С9 и С9+ преку својата Супер “Слоу-Мо“ камера и супер бавното видео во 960 фрејмови во секунда откриваат целосно нов начин за повторно доживување и споделување на извонредните мигови од секојдневието. Со помош на автоматската функција “Препознавање на Движење“ (Motion Detection), корисниците можат едноставно да го постават уредот пред кадарот и да притиснат “плеј“. Дополнително, корисниците може да одберат и музичка позадина за своето видео од 35 различни, однапред овозможени опции, или пак да одберат некој од своите омилени звуци од нивната лична плејлиста пред инстантно да го споделат во една од трите креативни можности – видео запис кој се повторува (on loop), видео снимка прикажана наназад (reverse) или во видео запис во “швинг“ режим (swing mode).


Можеби ќе ве интересира

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком