Само пет милиони евра до летото за автопатот Кичево - Охрид
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2020 07:00
Само 290.134.901 денари се реализирале за автопатот Кичево - Охрид од почетокот на годината па до крајот на јуни, според полугодишниот извештај за 2020 што го објави Јавното претпријатие „Државни патишта“. Ова се средства потрошени од кредитот од кинеската Ексим Банка, додека од јавното претпријатие тврдат дека дополнително го поддржуваат проектот и со свои финансии.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски минатата недела зборуваше и за автопатот Кичево – Охрид и истакна дека деновиве таму има ангажирани 860 работници со 470 машини и дека изградбата е во полн ек.
„Во врска со патот Кичево – Охрид јас сум во комуникација со сите кои работат. Спремни сме да влеземе и во законски измени заради експропријација во некои делови. Таму имаме такви случаи, но имаме и добри сигнали, се работи и оваа есен, има 470 машини, имаме 860 работници на овој проект, 58 отсто од работите се завршени, особено непредвидените клучки, имаме потрошено 350 милиони евра за реализација на овој проект. Не би проценувал рок на завршување, до моментот кога би видел дека целиот проект е завршен, тогаш ќе бидам сигурен. Добар сигнал е дека се одглавуваат проектите и дека се движат работите.“- изјави Бочварски.
Од министерството за транспорт и врски не сакаат да прогнозираат кога ќе заврши целосно автопатот Охрид – Кичево, но сметаат дека тој проект напредува. Процентот на реализација на автопатот, според министерот, по првиот проект изнесувал 85 проценти, но по препроектирањето и сите дополнителни работи што се правеа, како додавање клучки и нови косини, процентот на реализација е 55 проценти.
„Државни патишта“ за инвестиции од странски кредити, со чии пари главно се градат патиштата во земјата, во првата половина од годината реализирал 1,45 милијарди денари, што е повеќе од двојно помалку во однос на истиот период лани. Инаку во текот на целокупната 2020 предвидено е од странските кредитори да се реализираат 9,13 милијарди денари според програмата, но според полугодишното темпо, тешко дека тоа е изводливо.
Во моментов директор на ЈП „Државни патишта“ е Ејуп Рустеми, доскорешниот прв човек на „Македонска пошта“, кој доаѓа на местото на Зоран Китанов. По смената, Китанов е определен за нов член во одборот на директори на Македонски Телеком.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




