28 Април, 2024
0.0257

Само мексиканската валута е полоша од лирата - што го поттикнува падот?

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Турската лира паѓа и во јануари 2017 година. 

Истото се случуваше со оваа валута и во 2016 година. Само за првите осум дена на тргување во месецот, лирата изгуби 8,6% од вредноста, што заедно со падот од 2016 година значи 17% намалување. 

Лирата вчера падна до историско дно во однос на доларот. Турската лира стана валута со „најлоши перформанси“ во новата година. Зад неа е мексиканскиот пезос. 

Слабата лира иницираше зголемување на инфлацијата. Растот на потрошувачките цени за последниот месец достигна 8,53%, што е за над 3,5 процентни поени над нивото, поставено од Централната банка. Од UniCredit предвидуваат дека инфлацијата ќе скокне до 12% годинава, откако ги советуваат инвеститорите да се воздржат од купување на локални девизни обврзници.

Експертите велат дека Централната банка на Турција одолговлекува со промените во монетарната политика во услови на првиот пад на економијата пo седум години и политичкиот притисок од друга. Оттаму спомнаа дека може да нема зголемување на основните камати пред време. 

Задолжените турски компании се обложија сериозно на кредити во странски валути. Сега имаат уште повеќе проблеми со исплата на зголемените обврски во валутата. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган лани ги повика граѓаните на Турција да ги менуваат странските валути во лири. Многу фирми нудеа награди за оние кои ќе ги сменат девизите во лири. 


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност