12 Мај, 2025
0.0258

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

Објавено во: Финансии, Македонија 29 Ноември, 2023 07:00

Добивај вести на Viber

На прагот на претстојниот самит на ОБСЕ, кој ќе се одржи во четврток, Владата преку Министерството за труд и социјална политика донесе препораки според кои, приватниот сектор во градот Скопје,а посебно оние правни лица кои гравитираат во реонот Карпош и кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, денес да работат со скратено работно време, односно до пладне, а утре воопшто да не работат.

Оваа одлука ги налути правните лица, кои негодуваат заради оваа препорака која треба да ја спроведат.

Велат дека не може државата да бара од нив да не работат, кога за ден и половина колку што нема да работат, ќе претрпат финансиски загуби.

„ Кој ќе ни ги надомести загубените пари заради неработењето? Државата не понуди да ни ги откупи тие денови, за да не поминеме без загуби. Зарем ние од џеб треба да даваме пари? Да, разбираме дека ова е настан важен за државата на кој треба да се претставиме во најдобро светло, но не по цена на нашиот бизнис и заработка. Државата требаше да си изнајде начин за да го реализира тоа, не да удри по нас кои и онака едвај работиме“ вели еден сопственик на продавница во близина на СЦ „Борис Трајковски“.

Тој вели дека револтот кај приватниот сектор е голем, бидејќи тие не земаат плата од државната администрација па да го чекаат неработниот ден со душа.

„ Ние се мачиме плата да извадиме и не е фер од државата да го бара ова од нас. Ние немаме никакви бенефиции, не користиме ништо од државата, никој не ни ги плаќа неработните денови, напротив, ние плаќаме кога работиме и сега од нас се бара ден и половина да ставиме клуч на врата. Не оди тоа така без некој да плати за тоа“ вели друг сопственик на правен субјект.

Граѓаните се гневни заради тоа што речиси цена недела е оневозможено нормалното функционирање во главниот град.

„Автобуси возат по други траси, се прават генерални проби, знаете, ние одиме на рабоота со автобус и не можеме да се прилагодиме на оваа ситуација. Јас каснев на работа заради тоа што 59ката не возеше по стандардната релација, па бев принудена да пешачам за да стасам ан работното место, каде што каснев“ вели вработена во една фирма во општина Карпош.

Од Министерството за труд и социјална политика неодамна соопштија декасите вработени во државната и јавната администрација на територија на градот Скопје, на 29 (денес) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. 

„Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје. 

Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . 

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи“, информираа од МТСП.

Д.Т


Можеби ќе ве интересира

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите