Сали за „Жан Митрев“: Добивме 560 обемни досиеја
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2022 13:43
Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека веќе добиле материјали-досиеја од Клиниката „Жан Митрев“ за третман на пациенти со Ковид-19 преку хемофилтрација. Сали рече дека списите се обемни и дека тимовите формирани за овој случај работат на известување за секој случај посебно.
„Станува збор за 560 пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, меѓу пациентите со Ковид. Колку време ќе ни треба да ги анализираме тие досиеја, кои се обемни, морам да прифатам затоа што имаме пациенти кои престојуваат таму повеќе од еден месец. Целиот овој третман мора да го анализираат експерти, лекари, кои цел живот работат на ова. Тоа се групи формирани од четири клиники“, рече меѓу другото Сали.
Министерот Сали побара да се намали притисокот врз него и кон експертите кои се занимаваат со предметната работа, за да нема едностран пристап и тимовите да ја водат истрагата на професионален начин.
„Тие ќе го анализираат секој случај посебно и мора да напишат извештај за секој случај посебно. 560 случаи, да бидеме реални, ќе ни одземе доволно време за конечно да и дадеме на јавноста конечен, точен извештај за тоа што се случи во „Жан Митрев“. Во наредниот период сум подготвен да бидам 24/7 во комуникација со новинарите, но заклучоци, давање насоки, во која насока оди, односно подобро би било да ме поштедат од такви информации бидејќи нсекаква информација предвреме може да се злоупотреби“, рече Сали.
Инаку, по објавувањето на документарниот филм „Нечиста крв“, јавното мислење е загрижено откако излезе на виделина како работела болницата „Жан Митрев“, со методот на хемофилтрација. Во документарецот се забележани бројни неправилности, кои според семејствата на жртвите од Ковид-19, предизвикале смрт на нивните роднини.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




