Садик Кан ќе ја посети Сребреница?
Објавено во: Балкан 11 Мај, 2016
Садик Кан, новиот градоначалник на Лондон ќе ја посети Сребреница во БИХ, на 11 јули.
Тој изразил желба да присуствува на 21 годишницата од нападот во Сребреница. Кан по потекло е од Пакистан, а за себе кажува дека е муслиман, Европјанин и Британец. Тој на фунцкијата градоначалник стапи завчера, при што одржал состаноци со разни делегации на ЕУ и Европскиот парламент, и му е препорачано да ја посети Сребреница. Исламската бошњачка заедница во Лондон ја оцени како позитивен знак победата на Кан, иако велат дека досега немале некакви проблеми. Се надеваат дека со ова ќе се разбијат стереотипите за муслиманите и дека нема тероризмот да се поврзува со исламот.