18 Декември, 2025
0.1959

САД имаат две барања за Косово, а стигнаа и првите санкции за Приштина

Објавено во: Балкан 30 Мај, 2023 18:07

Добивај вести на Viber

По неколку тензични денови, САД имаат две барања за Косово. 

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД имаат две барања од Владата на Косово, а тоа е да не инсистира градоначалниците да работат од општинските згради и полицајците да се повлечат од трите општински згради на северот.

„Не разбираме зошто алтернативните локации или други јавни згради не можат да се користат за извршување на нивните функции“, рече Ховениер.

Американскиот амбасадор го спомна примерот со градоначалниците на северот кои дадоа заклетва на алтернативни локации.

„Сметаме дека присуството на косовската полиција во зградите во кои насилно влегла е многу предизвикувачко, затоа побаравме од владата да ја повлече полицијата од овие три општински згради“, вели дипломатот.

Според него, преземањето на овие две акции ќе помогне да се намалат тензиите.

Инаку, Косово нема да учествува на вежбата „Дефендер Европа 2023“. Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека откажувањето на учеството на Косово на вежбата „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово.

Министерството за внатрешни работи на Косово ја деманитраше веста дека е договорено повлекување на специјалните полициски сили од општинската зграда во Звечан во 15 часот, што утрово ја пренесоа некои медиуми.

Вчера во Звечан имаше проблеми, при што најмалку 53 луѓе беа повредени. 

Имаше и повредени припадници на КФОР. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа своето патување во Братислава поради кризата на Косово. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупреди дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи.

Фото: Косово онлајн

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен