26 Април, 2024
0.0297

Руските и украинските војски водат битка за уште еден град во источна Украина

Објавено во: Свет 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Жестока битка се води во источна Украина, во градот Угледар. 

Руските сили се обидуваат да го заземат, соопштија денеска руски и украински претставници, а Киев наведува дека Москва „го преувеличува“ успехот на својата офанзива.

Шефот на руската окупациска администрација во украинската област Доњецк, Денис Пушлин изјави дека „очекува добри вести од Угледар, рударски град кој имал околу 15.000 жители пред руската инвазија“.

„Опколувањето и идното ослободување на градот ќе реши некои работи“, рече Пушлин. 

Освојувањето ќе отвори пат за офанзива кон градовите Покровск и Курахове. 

Еден од неговите советници, Ијан Гажин рече дека во тек е „тешка и брутална борба“ и дека руските сили зазеле позиции во југоисточниот и источниот дел на Угледар.

Портпаролот на украинската војска за источната зона, Сергиј Черевати изјави дека е во тек „жестока борба“, но уверил дека Русите се потиснати.

Руските сили и трупите на групата „Вагнер“ деновиве го зазеле градот Соледар.

Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави видео од ослободениот украински град Херсон. Иако е слободен, градот е празен. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек