Руски војници убиени во крвав бомбашки напад во Сирија
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2017
Четворица припадници на руските безбедносни служби се убиени во крвав бомбашки напад во Сирија.
Според првичните информации бомбата била активирана од далечина, а била поставена на локација која ја користела сириската армија како дел од рутата на превоз. Во експлозијата се повредени уште двајца војници, но тие се во стабилна состојба.
Руските војници биле ангажирани како советници на сириската армија која се бори и со џихадистите, но и со радикалната опозиција во земјата.