01 Мај, 2024
0.0289

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

Објавено во: Свет 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Јенс Ромел, германскиот федерален обвинител, објави дека во Бајројт се уапсени две лица осомничени дека се руски шпиони.

Билд пренесува дека апсењето било извршено вчераутро.

Се вели дека двајцата мажи шпионирале американски бази таму за рускиот претседател Владимир Путин и дека планирале напади на воени транспортни рути.

Главен обвинет е Германецот со руско потекло Дитер С.(39), кој се товари дека шпионирал во корист на тајната служба, шпионирал со цел да изврши саботажа и „опишувал“ воени објекти на начин што ги загрозува нивните безбедност.

Се наведува дека Дитер С. е конкретно обвинет дека бил во контакт со припадник на руската тајна служба и дека работел со него на плановите да изврши саботажа во Германија од октомври 2023 година.

Според германскиот федерален обвинител, Дитер С. се согласил да изврши експлозивни напади и да подметне пожари во воени и индустриски објекти во Германија.

Во тоа време, Дитер С. веќе собрал информации за потенцијални цели за напад, вклучувајќи ги и американските воени инсталации.

Се вели дека тој дури и лично извршил извидување на некои од целите каде фотографирал воен транспорт и правел видеа.

Германскиот магазин Шпигел објави дека меѓу воените објекти што ги шпионирал е и американската база во Графенвер, Баварија.

Меѓу другото, тука е и важен полигон каде американската војска ги обучува украинските војници.

Се вели дека другиот обвинет е Александар Ј. (37), германски државјанин со руско потекло, кој исто така е обвинет од федералните обвинители дека дејствувал како агент на странска тајна служба.

Тој е обвинет дека до март годинава го поддржувал Дитер С.

Шпигел наведува дека апсењето на двајцата го извршиле специјални полициски сили.

Се наведува дека Дитер С. вчера бил изведен пред истражниот судија на Сојузниот суд на правдата во Карлсруе, кој му одредил притвор до судењето, додека денеска пред истиот судија ќе биде изведен и Александар Ј.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург