16 Декември, 2025
0.0521

Политиколог: Aко не почнешe бомбардирањето на украинската инфраструктура, повлекувањето на руската армија ќе беше уште побрзо

Објавено во: Свет 17 Ноември, 2022 16:58

Добивај вести на Viber

Русија сака пауза во војната бидејќи ништо не оди по планот, изјави рускиот политиколог Максим  Саморуков. 

Според него, никому во Русија не му е потребна оваа војна, освен на рускиот претседател Владимир Путин. Објаснува дека во земја со 150 милиони жители, еден човек може да ја мобилизира целата земја за војна што никој друг не ја сака“. 

Овие свои ставови рускиот политиколог ги изнесе во разговор за емисијата Глобал Фокус на телевизијата Н1. Саморуков дава прилично мрачна слика за тоа што се случува во Русија, пред сѐ во Кремљ.

„Поборници на војна се оние чија институционална тежина е мала и во војната гледаат можност за напредување во хиерархијата на моќта. Тие што имаат институционална тежина – Лавров, Патрушев, Козак, Мишустин, Собјанин, Најбулина – никогаш не беа во партијата на војната. Сите овие луѓе разбираат дека во овој момент нивното незадоволство од војната може многу да ги чини, ќе бидат заменети со младите и силните кои сега се креваат од дното. Затоа сега и тие се принудени да ја поддржат војната. Изгледа Путин како да им излезе во пресрет на ултрапатриотите, но мислам дека тоа беше повеќе цинично и рационално решение, затоа што сфати дека мора да има единствен командант на кого може да му натовари секое повлекување, за да не се смета оти Путин се повлекува. Затоа што дотогаш никој не знаеше кој командува таму, кој е одговорен. Бидејќи никој не знаеше кој е одговорен, сè му се припишува на Путин. Второ, ако не почнеше масовното бомбардирање на украинската инфраструктура, повлекувањето на руската армија ќе беше уште побрзо“, рече Саморуков.

Инаку, руската економија влезе во рецесија девет месеци откако ја почнаа војната во Украина. 

Во ослободениот Херсон во Украина се најдени простории за мачење, а најмалку 63 тела имале знаци на тортура. За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?