РУСКИ ЛИДЕР ТВРДИ ДЕКА ХЕРСОН НЕМА ДА ПАДНЕ, ТОЈ Е И ЌЕ БИДЕ РУСКИ ГРАД - иако признава дека руските сили имаат големи територијални загуби
Објавено во: Свет 12 Септември, 2022 10:26
Кирил Стремусов, кој е еден од лидерите на руските власти во окупираниот Херсон во јужна Украина, утринава објави порака на Телеграма во која ги споменува пријавените територијални загуби на руските сили на север, но и тврди дека Херсон нема да падне.
Во објавата тој наведе и дека „Херсон е и ќе биде руски град“ и дека никој нема да се предаде или да се повлече.
„Околу целиот раб на регионот Херсон, Министерството за одбрана на Руската Федерација изгради одбранбени линии и ништо не им се заканува на градот Херсон и на регионот Херсон. Што се однесува до ситуацијата во регионот Харков, многумина од нас се збунети од моментална ситуација.Времето ќе стави се на свое место и сигурно ќе добиеме одговори на вашите прашања. Во градот Херсон се е мирно и нема паника"; напиша Стремусов и напиша дека има намера почесто да известува за состојбите во тој град.
Утрово, пак, украинската служба за безбедност објави слики на социјалните мрежи од како што тврди дека е запленета руска муниција.
„Руските напаѓачи бегаат од украинските војници оставајќи зад себе цели арсенали муниција. А ние секако ќе ги искористиме за она за што се наменети - против непријателот“, напишаа тие.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




