Руски дезертер е спремен пред меѓународен суд да открие што правеле во Украина
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2022 16:13
Руски дезертер е подготвен да сведочи за извршени воените злосторства во Украина.
Тој е обвинет за воени злосторства во Буча и вели дека е спремен да сведочи пред меѓународен суд додека бара азил во Шпанија.
Никита Чибрин (27) рекол за Гардијан дека пред да ја напушти својата единица во јуни, слушал „широко распространети гласини“ за руски војници што вршат сексуално насилство и убиваат цивили. Раскажал дека неговите соборци краделе машини за перење, електроника и други апарати од украинските домови. За себе вели дека не пукнал „ниеднаш“ додека бил во Украина.
Чибрин рекол дека влегол во Украина преку белоруската граница со својата единица. Тоа се случило на првиот ден од инвазијата, на 24 февруари. Тој е роден во градот Јакутск во источен Сибир и ѝ се придружил на руската армија во летото лани поради финансиски тешкотии. Тој е втор член на 64-та бригада што јавно обелодени случаи на наводни воени злосторства на периферијата на украинската престолнина Киев.
Тела на кои имало знаци на тортура се најдени и во Херсон, по повлекување на Русите. Најдени се најмалку 63 такви тела.фото Твитер
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




