РУСКИ АСТРОНОМ: Астероид ќе удри во Земјата на 16 февруари
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2017
НАСА лани објави дека непознат објект комета или астероид се движи кон Земјата и ќе удри во неа на 25 февруари оваа година, но нема да има последици.
Според нив, астероидот е оддалечен 51 милион км од Земјата.
Иако тврдеа дека за луѓето нема да има последици, астрономите од Русија не се сложуваат.
Тврдењата на Џомин Дамир Захаровиќ кружат на социјалните мрежи и некои луѓе ги сфатија многу сериозно.
Тој вели дека астероидот се движи кон Земјата и ќе удри во неа 9 дена порано од предвидувањата на НАСА, по што ќе има катаклизма и мега цунами.
Додава дека сите сме во опасност и дека астероидот може да уништи цели градови.
Астероидот има пречник од 0.5 до 1 км.
Од НАСА убедуваат дека астероидот ќе ја заобиколи Земјата.