Русите тврдат дека ноќеска убиле 600 украински националисти
Објавено во: Свет 06 Мај, 2022 16:52
Русија објави колкави штети им нанела на украинските сили. Велат дека убиле 600 украински националисти.
Артилеријата на руските вооружени сили ноќеска уништила 32 украински командни пунктови, пет складишта за муниција, 403 упоришта и 61 парче опрема. Податоците денеска ги соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. Министерството за одбрана на Русија, објави дека нивни проектили уништиле авионска опрема на аеродромот Канатово во централниот украински регион Кировохрад и големо складиште за муниција во јужниот град Миколаев. Руските сили истрелале ракети врз објект на железничката инфраструктура во Дњепар. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Засега нема договор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објасни дали и каков компромис би направил.
фото: твитер/принтскрин
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




