Русите демантираат дека го гранатирале театарот и дека убиле цивили кои чекаат леб, обвинуваат за пропаганда
Објавено во: Свет 16 Март, 2022 20:09
Русите демантираат дека го гранатирале театарот во градот Мариупол.
Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата дека цел на напад била зградата на театарот во Maриупол во која биле сместени стотици цивили, пренесува РИА Новости.
„Денеска на сите пропагандни ресурси на режимот во Киев, беа дистрибуирани видео снимки од цивили кои загинаа во Чернихив, кои наводно биле „застрелани од руски војници“, а беше посочено дека сите загинати наводно застанале во ред за леб“, објави портпаролот руското Министерство за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
Вели дека на видео снимката нема траги од експлозија на муниција.
„Сите прозорци во блиските згради се недопрени. Нема оштетувања на ѕидовите, нема други траги од експлозијата на теренот. Така, сите мртви луѓе се жртви на теророт на украинските националисти или овие видео снимки се уште едно исценирање на Службата за безбедност на Украина (СБУ)“, тврди Конашенков.
Западните медиуми претходно објавија дека руските сили убиле цивили во Украина.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




