14 Декември, 2025
0.4892

Русите бараат станови и работа во Белград, но и Србите видоа шанса да заработат

Објавено во: Економија 07 Декември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Руските државјани кои ја напуштија Русија, бараат сместување во Белград, но и работа. Во групи на социјалните мрежи објавуваат што знаат да работат и бараат вработување. Некои работеле како козметичари, фотографи,  други како инженери, готвачи, имаат искуство со противпожарна опрема или едноставно бараат каква било работа. Имаше и такви кои се побунија дека никој не вработува Руси, на што српските граѓани им укажуваат дека е тешко да се најде работа, затоа што доволно работни места нема ниту за локалните жители, а проблем претставува и јазичната бариера.

Прашавме во скопска агенција за посредување при вработување, дали странските државјани можат да најдат работа во Србија или пак Македонија, земји кои не можат да се пофалат дека нудат многу можности или дека имаат силна економија.

„Прво треба да знаат некаков јазик за да се оствари комуникација. Треба да знаат англиски јазик за да им дадат работни задачи aко некаде ги вработат. Евентуално ако најдат некоја руска фирма кој би ги примила на некое подобро работно место. Многу зависи и од тоа какво знаење и искуство имаат и што можат да работат, но треба да си средат документи, затоа што нелегалното вработување секако носи ризик. Сепак, треба да се има предвид дека сме во време на криза и овде платите се мали, а многу работници се незадоволни и заминуваат во странство“, велат од скопска агенција.

Русите бараат сместување, при што секој наведува колку може да плати. За некои лимитот е 600 евра, за други 250 или 200 евра месечно. Објаснуваат дека ќе останат 6 месеци или подолго време. Од друга страна, српски граѓани им нудат часови по српски јазик и тоа по цена од 10 евра за предавање од 60 минути. Други им нудат превоз доколку им е потребен. Српските граѓани се нудат да ги превезат Русите во Србија или пак надвор од државата, доколку е потребно. Според пишувањата на српските медиуми, најголем број Руси допатувале во Белград, Нови Сад, а интерес има и за сместување во Суботица. Србија е една од земјите која долго време одржува пријателски односи со Русија.

Но, не е само Србија дестинација за руските граѓани. Милион Руси избегаа во Молдавија, Казахстан, Грузија, Турција. Целта им беше да ја избегнат мобилизацијата за војната во Украина. Во овие земји има економски раздвижувања токму поради богатите Руси кои пристигнаа кај нив, плаќаат скапи кирии, трошат пари, купуваат имоти или отвораат работни места.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји