21 Мај, 2025
0.0297

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2024 20:31

Добивај вести на Viber

Руски активист загина во Украина, борејќи се на страната на Киев. 

Илдар Дадин, познат руски опозициски активист кој се борел на страната на Киев, е убиен во акција, според групата што го регрутирала.

Портпаролката на групата за Би-Би-Си потврдила дека Дадин е убиен и додала дека „тој бил и останува херој“.

Војниците од неговиот волонтерски баталјон, Легијата на слободата на Русија, биле нападнати близу Харков. 

Илја Пономарев, руски опозициски политичар во егзил, кој претходно се поврзуваше со Легија, изјави за Би-Би-Си дека е сигурен дека Дадин е мртов.

Дадин стана познат во Русија пред една деценија по неговата упорност да организира мирни протести. 

Тој беше првото лице кое беше обвинето според новиот закон од 2014 година, кој го прогласи за кривично дело постојаното кршење на сè порестриктивните правила за протести во Русија. Осуден е на две и пол години, а по доаѓањето во затвор, веднаш штрајкувал со глад.

„Не можам да седам настрана и да не правам ништо и на тој начин да станам соучесник на руското зло, неговите злосторства“, ја објасни Дадин својата одлука да им се придружи на руските доброволци кои се борат на украинската страна.

Toj e роден на 14 април во 1982 година во Московската област. На Википедија веќе е ажурирано дека починал на 5 октомври кај Харков. Загина на 42 години. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Инаку, руските доброволни корпуси кои се борат на страната на Украина правеа упади на руска територија. Нивниот став е дека се борат за Украина, затоа што сакаат промени во Русија, односно смена на власта. 

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЏУНИОР ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ТАТКО СИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО СТОЛЧЕ: Еве што вели синот на Трамп

ТРАМП ЏУНИОР ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ТАТКО СИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО СТОЛЧЕ: Еве што вели синот на Трамп

НАПАД СО НОЖ НА УЛИЦА, НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ! Меѓу ранетите има еден полицаец, на терен голем број полициски возила

НАПАД СО НОЖ НА УЛИЦА, НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ! Меѓу ранетите има еден полицаец, на терен голем број полициски возила

„ДАЛИ СЕ МЕНУВА МИСЛЕЊЕТО ЗА ГАЗА?“: Западот му се заканува на Израел со санкции

„ДАЛИ СЕ МЕНУВА МИСЛЕЊЕТО ЗА ГАЗА?“: Западот му се заканува на Израел со санкции

ИТНА ЕВАКУАЦИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА: Жителите се засолнуваат на покривите од куќите (ФОТО/ВИДЕО)

ИТНА ЕВАКУАЦИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА: Жителите се засолнуваат на покривите од куќите (ФОТО/ВИДЕО)

НОВАТА МОЌ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Програмерите во шок, оваа функција менува сè

НОВАТА МОЌ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Програмерите во шок, оваа функција менува сè

АВИОН ОД КАТАР: Трамп го добива како подарок или ќе го купи?

АВИОН ОД КАТАР: Трамп го добива како подарок или ќе го купи?

ЗЕЛЕНСКИ МУ ПИША НА ТРАМП: Сака нов договор со САД

ЗЕЛЕНСКИ МУ ПИША НА ТРАМП: Сака нов договор со САД

ПРОГНОЗА ЗА ЛЕТОТО: Какво време се очекува?

ПРОГНОЗА ЗА ЛЕТОТО: Какво време се очекува?

(ВИДЕО) ВО ЕДЕН ДЕН НАВРНА ДОЖД КАКО ЗА ТРИ МЕСЕЦИ: Има загинати во поплавите во Франција

(ВИДЕО) ВО ЕДЕН ДЕН НАВРНА ДОЖД КАКО ЗА ТРИ МЕСЕЦИ: Има загинати во поплавите во Франција