Русија се врати во најголемите десет светски економии
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2023 11:13
Врз основа на резултатите од минатата година, Русија се врати во првите десет најголеми економии во светот, што се случи за прв пат по осум години, покажуваат податоците на Светската банка и националните статистички служби.
Во текот на изминатата година Русија произведе стоки и услуги во вредност од 2,3 трилиони долари, што и овозможи да го заземе осмото место во светот според овој индикатор.
Последен пат Русија беше меѓу 10-те најголеми економии во светот во 2014 година, кога беше на деветтото место, со показател од 2,05 милиони долари. Минатата година таа беше на 11. место.
Најголема економија во светот минатата година беа Соединетите Американски Држави со номинален БДП од 25,46 трилиони долари. На второ место е Кина со 17,94, а на трето Јапонија со 4,17 трилиони.
Германија остана на четвртата позиција со БДП од 4,07 билиони долари, на петто место е Индија со 3,4 трилиони долари, Обединетото Кралство ја задржа шестата позиција со 3,07 трилиони долари, а Франција остана седма со 2,78 трилиони долари.
На деветтото место е Канада со БДП од 2,14 трилиони долари, додека Италија падна за две позиции за една година и стигна до десеттото место, со показател од 2,01 трилиони долари. Јужна Кореја испадна од првите десет и сега е на 13-та позиција.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




