Лесја Украинка: Русија продолжува да го тероризира цивилното население на Украина

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2024
На
23 јуни 2024 година, русите јанападнаа Кијивската област со ракети „Калибр“.
Руската армија свесно ги уништува најголемите украински градови - Харкив и Кијив, тестирајќи исклучително силни воздушни бомби и ракети.
Како резултат на нападот на 22 јуни врз болницата на Министерството за внатрешни работи на Украина во Харкив, повредени се повеќе од 50 лица, за жал има и починати и луѓе со тешки повреди. Уништени се згради во центарот на градот.
Во Кијивската областисто така има и жртви како резултат на ракетниот напад; оштетени се висококатници и приватни куќи на граѓани. „Во просториите има искршени прозорци, балкони, распарчени фасади и покриви.“
Рускиот терор врз цивилното население на Украина мора да биде прекинат.
За ова, Украина имапотреба од високо прецизно и моќно оружје, како и дозвола за уништување на руските воени објекти од кои се вршат нападите. Сепак, Западот продолжува многу претпазливо да се однесува коносновните руски воени аеродроми.
Меѓународната заедница треба исто така да обрати внимание и на руската милитаризација на Азовското Море, со оглед на тоа дека од таму почнува да се гранатира.
Се создава директна закана за бродопловството, грубо се прекршуваат меѓународните конвенции.
Уништувањето во Харкив, во Кијивската област, починувањата и повредите на цивилните лица се исклучително силни аргументи за забрзување на обезбедувањето на системи за противвоздушна/противракетна одбрана за Украина. На некои земји можеби никогаш нема да им требаат такви системи и тие ќе останат во магацини, додека за Украина тоа е секојдневно прашање за живот и смрт за нејзините граѓани.
Исто така, повикуваме на поддршка за граѓаните кои настрадаа од руските напади, вклучително во последните два дена. Меѓународните институции и фондации треба да помогнат во обновувањето на зградите, бидејќи во пресрет на зимата луѓето мора да имаат засолниште и да бидат безбедни.
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
Можеби ќе ве интересира
ХЕГСЕТ: Tрамп ќе одлучи дали Украина ќе добие нуклеарно оружје

ПИСТОРИУС: Грешка е да се остави Украина без преговори за членство во НАТО

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски ќе прифати да се сретне со Путин

„НАМЕРНО ГИ ГАЗЕВ ЛУЃЕТО“ – АВГАНИСТАНЕЦОТ ВО МИНХЕН ПРИЗНА: Откако бил уапсен, извикал „Алаху Акбар“

Моди и Трамп најавија удвојување на трговската размена на 500 милијарди долари до 2030 година - Индија ќе купи повеќе нафта и гас

ЛЕКОТ ИБУПРОФЕН ИМА ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ВРЗ МОЗОКОТ: Најново истражување коие ги изненади и самите наулници
МОМЕНТОТ КОГА РУСКИ ДРОН ЕКСПЛОДИРАШЕ ВО ЧЕРНОБИЛ: Опасност од радијација од нуклеарката по скоро 40 години

ТРАМП НЕ СЕ ШЕГУВА: Почнаа да „летаат“ откази во различни владини агенции

ТРАМП ПОТПИША ЗА РЕЦИПРОЧНИ ЦАРИНИ: За Украина ќе има место на масата за преговори
