15 Декември, 2025
0.0579

РУСИЈА КИДНАПИРАЛА УКРАИНСКИ ДЕЦА ЗА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО РУСИ: Депортирани се над 16.000?

Објавено во: Свет 18 Март, 2023 08:46

Добивај вести на Viber

Обвинителот на Хашкиот трибунал, Карим Ахмад Кан, изјави за Би-Би-Си дека депортацијата на украинските деца во Русија е нехумана и дека Русија можела да преземе други мерки за заштита на децата, доколку тoa била намерата.

„Доколку постоела опасност во одредена област, тие требало да бидат преместени во други делови на Украина, каде што немало опасност“, рече Кан.

Според него, ако тоа не било можно, на децата требало да им се понуди преселба во трети земји.

Фактот дека Русија практично ја легализираше депортацијата на децата давајќи им на децата руско државјанство го оспорува МКС. Истражната комисија на ОН за Украина деновиве објави дека има докази за нелегално префрлање на стотици украински деца во Русија. Како што објави украинската влада, бројот на насилно однесени деца во Русија е 16.221.

Руското киднапирање на деца од Украина и нивното носење во Русија е тема веќе подолго време, но со оглед на тоа дека крвавите конфликти не престануваат, не е во преден план.

Некои невладини организации ја наведуваат бројката до 700.000 украински деца депортирани од Русија од 2014 година, кога Русија го окупираше Крим.

Лани, Асошиетед прес објави голема приказна наречена „Како Москва киднапирала деца од Украина и ги претворила во Руси“.

Илјадници деца се пронајдени во подрумите на градовите разурнати од војна, како што е Мариупол, и во сиропиталишта во сепаратистичките региони во Донбас, поддржани од Русија. Дел од децата се без родители, откако руските сили ги убиле. Се наведува дека Русија ги користела децата за пропаганда, а на децата им кажувале дека нивните родители не ги сакаат. 

Адвокатот од Србија Тома Фила вели дека рускиот претседател Владимир Путин може да заврши како екс српскиот претседател Слободан Милошевиќ. 

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде и налог за апсење на неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, под истите обвиненија за нелегална депортација на украински деца. Самата објавувала дека децата ја пеат украинската химна и зборуваа лошо за Путин, но смета дека тоа со тек на време ќе биде љубов за Русија. 

Откако почна војната во Украина имаше сериозни обвинувања дека Русите силувале деца, стари жени, но и дека во Мариупол има илјадници убиени цивили кои се закопани во шума. Русија лани на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса