РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ: Уште колку време руската економија може да ја финансира војната?
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2024 17:26
Руската економија може да издржи уште неколку години војна.
Washington Post (WP) објави дека големите трошоци на Кремљ за војната против Украина ја туркаат руската економија кон прегревање, но дека таа има доволно ресурси за да ја одржи војната уште неколку години.
Весникот забележува дека големите воени трошоци, вклучително и високите плаќања за окупаторската армија, придонеле за економскиот раст, како и високите плати и инфлацијата, бидејќи компаниите се принудени да одговараат на воените плати за да привлечат работници.
Економијата делумно се прегрева бидејќи рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ги замени околу 20.000 војници месечно изгубени во тековната војна, покажуваат податоците на Институтот за проучување на војната во јуни. Регионалните гувернери нудат невидени бонуси за вработување за да привлечат персонал, при што регионот Белгород неодамна постави нов максимум, исплатувајќи 31.200 американски долари.
Неодамнешното истражување на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи покажа дека 82,8 отсто од компаниите се соочуваат со предизвици при регрутирањето на персоналот. Во меѓувреме, руската Федерална државна служба за статистика (Росстат) објави пад на стапката на невработеност на 2,4 отсто од јуни.
Во минатото, Русија се потпираше на мигрантите од Централна Азија за да ги пополни работните места со ниски плати; сепак, по терористичкиот напад вo Крокус, земјата депортираше десетици илјади од овие работници и воведе забрана за влез на многу други. Независните руски медиуми наведуваат дека значителен број печалбари се исто така мобилизирани да се борат во војната. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 2.5 години.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




