05 Мај, 2024
0.0231

Русија го собори рекордот во земјата живеат 131 милијардери

Објавено во: Стил 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Бројот на милијардери во Русија годинава нарасна на 131 , што претставува историски рекорд. Според публикацијата на рускиот магазин за топ менаџери „CEO“, што ја состави листата, бројот на милијардери за една година е зголемен за 11.

Во 2012 година во Русија живееле 120 бизнисмени со имот од над милијарда долари. Година дена претходно беа 114. Најмалку доларски милијадери имаше во 2009 година, или едвај 49.  По верзијата на „CEO“, најбогатиот човек во Русија е сопственикот на „Металинвест“ Алишер Усманов, кој „тежи“ 18,72 милијарди долари, Неговото богатство е за осум отсто помало од претходната година.

Второто место го зазеде претседателот на советот на директори на Новолипечкиот металуршки комбинат (НЛМК), Владимир Лисин, чиј капитал се проценува на 17,2 милијарди долари.На третото место е сопственикот на компанијата „Ренова“, Виктор Векселберг, со 15,94 милијарди долари, а следи шефот на „Алфа“ групацијата, Михаил Фридман, со 15,32 милијарди долари. Имотот на Векселберг е зголемен за 66 отсто, а на Фридман за 25 отсто, пренесуваат руските медиуми.

Петото место го зазеде политичарот и стопанственик Михаил Прохоров, чиј имот се проценува на 15,25 милијарди долари, и е ист како и минатата година.

Во првите десет најбогати Руси влегоа и сопственикот на „Северстал“, Алексеј Мордашов, косопственикот на „Новатек“, Леонид Михељстон, сопственикот на „Баел“, Олег Дерипаска, претседателот на „Интеррос“, Владимир Потанин, и шефот на „Лукоил“, Вагат Алекепров