Розовиот дијамант продаден за 40 милиони долари
Објавено во: Стил 17 Април, 2013
Откако за речиси 40милиони долари беше продаден розовиот дијамант од 34,64 карати на вчерашната аукција во Њујорк, аукциската куќа „Кристи“ забележа нов рекорд.
Наречен „принцеза“, овој скапоцен камен, според мислењето на стручњаците за скапоцени камења, е еден од најголемите и најубави розови дијаманти во светот.
Анонимниот купувач телефонски договори цена од 39.323.750 долари, што е повеќе од милион долари за карат за камен од поранешните рудници на дијаманти во јужна Индија.