28 Април, 2024
0.0249

Романија со план да го ограничи продавањето земјоделски површини

Објавено во: Агробизнис, Свет 16 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Продавањето на земјоделски површини на странци планира да го ограбичи Романија, откако пазарот ќе биде либерализиран во 2014 година, изјави министерот за земјоделство Даниел Константин. Левоцентристичката Влада предвидува или да се наложи граница за површината на земјоделската земја, која странец може да ја купи во Романија, или да наложи купувачот да има искуство во таа област, истакна Константин. - Треба да се преземат мерки, за да се заштитат романските земјоделци во однос на нивните европски колеги, кои располагаат со голем капитал, истакна министерот. Од друга страна романското земјоделство исто така има потреба од инвестиции, со што треба да се создадат поволни услови за странските инвеститори, додаде министерот.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?