01 Мај, 2024
0.2595

РОМАНЦИТЕ ПАК НА ПРОТЕСТИ: Не се откажуваат и ја притискаат Владата да даде оставка

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Илјадници Романци повторно излегоа на улиците синоќа, за да ја побараат оставката на владата на социјалдемократите поради нивниот обид да го протнат во крајот на јануари намалувањето на одговорноста за корупција. 

Во Букурешт околу две илјади демонстранти се собраа под поројниот дожд пред седиштето на владата и скандираа „Крадци“ и „Оставка“. 

„Сегашната влада загуби секаква доверба. Социјалдемократската партија победи на изборите, ние не го оспоруваме, но таа мора да најде чесни луѓе да ја водат земјата“, изјави еден од демонстрантите.

Важно е да останеме будни, за да им кажеме на владетелите дека ги следиме и не ја толерираме корупцијата“, вели библиотекар на 45 години. 

Околу три илјади луѓе демонстрираа и во градот Клуж со романски и знамиња на Европската унија, според извештаите на медиумите. 

Романскиот претседател Клаус Јоханис веќе изјави дека кризата во земјата, поврзана со масовните протести против ублажување на коруптивните практики, треба да биде решена од владејачката Социјалдемократска партија. 

„Одлуката треба да биде донесена од оние кои го создадоа проблемот. Тој беше создаден тогаш кога владата се обиде да го измени кривичното законодавство. Овој обид очигледно беше поддржан од Социјалдемократската партија и од таа причина таа е должна да најде решение“, рече тој.

Според државниот шеф протестите против власта продолжуваат, и покрај откажувањето на спорните закони, бидејќи луѓето се уште се незадоволни. 

„Тие ја загубија довербата во владата, во Социјалдемократската партија и тие го рекоа тоа јасно на плоштадот, а оној кој има уши, треба да слуша“, рече тој. На прашањето дали владата треба да поднесе оставка Јоханис изјави дека „демонстрантите кажуваат што сакаат и политичарите треба да ги слушнат и да вадат заклучоци“.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург