РКЕ побара од БЕГ да ги сторнира високите сметки за парно греење
Објавено во: Економија 01 Септември, 2022 12:49
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август. Наместо 15, биле поскапени за 40 отсто, а во нив не биле вкалкулирани државните субвенции.
„Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки. Во нив не е вкалкулирана субвенцијата која ја дава Владата и од тие причини имаме зголемени сметки. Со цел да се избегне непријатната ситуација, РКЕ бара БЕГ да испрати нови сметки со вкалкулираната субвенција“, рече Бислимовски
Првиот човек на РКЕ сепак вели дека можно е да е дојдено до одреден административен пропуст и да истекол рокот на владината одлука за субвенционирање на топлинската енергија.
„Средствата во буџетот се обезбедени и има одредена одлука и ако и е поминат рокот, ќе се измени и ќе се потврди дека потрошувачите ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвеил и ги испратил БЕГ на 30 и 31 август, ќе бидат сторнирани и да испрати нови со вкалкулирана субенција и ќе нема никаков проблем сево ова да се изведе“, наведе тој.
БЕГ, иако ги загуби лиценците, се уште управува со парно-греењето се додека Владата не одреди нов оператор до почетокот на грејната сезона.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




