12 Мај, 2024
0.0324

Ријана, Саркози, прицот Фелипе…каде се одмараат ѕвездите летово?

Објавено во: Стил 14 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Дури и ѕвездите понекогаш имаат потреба од одмор. Животот меѓу модната писта,  филмскиот сет и црвениот тепих не е лесен. Интервјуа, автограми, папараци - сето тоа е доста вознемирувачко. Затоа многу ѕвезди исто така отидоа на одмор во текот на летото. Вечниот фаворит е Сен Тропе (Франција). Пристанишниот град на француската ривиера привлекува многу ѕвезди. Закотвени ова лето таму се Силвестер Сталоне на јахта, дизајнерот Карл Лагерфелд, како и богаташката Никол Ричи. Стивен Тајлер (65) пак го обожава Рим и помина неколку вечери на Пјаца дел Пополо. Топ моделот Наоми Кемпбел (43) на социјалната мрежа ја постави оваа слика на јахта во близина на брегот на Турција. Ангела Меркел (59) и нејзиниот сопруг Јоаким Зауер (64) се на екскурзија во Јужен Тирол, Италија. Мишел Хунцикер (36) го помина крајот на јули со семејството на партнерот Томас Трусарди (30) во Ибица (Шпанија). Францускиот претседател Никола Саркози (58) е на одмор во јужниот дел на Франција. Ријана (25) во моментов е на одмор во родниот Барбадос. Принцот Фелипе (45) и принцезата Летиција (40) заедно со своите ќерки Леонора и Софија го поминуваат одморот во Палма де Мајорка. Силви ван дер Варт (35) се одмора на плажа на Club 55 во Сен Тропе (Франција). Борис Бекер (45) се насладува на неколкуте денови одмор во Форментера (Шпанија) со својата пријателка Лили. Дизајнерот на Шанел, Карл Лагерфелд (79) исто така се шета низ улиците на Сен Тропе (Франција). Скандалозниот актер Чарли Шин (47) ужива на сонцето на Хаваите (САД) Стивен Тајлер (65) свиреше на гитара дури и за време на посетата на Рим - на Пјаца дел Пополо. Ева Лонгорија (38) се сончаше во Марбела (Шпанија). Леонардо ди Каприо (38) и германскиот модел Тони Гарн (21) беа забележани во Ибица (Шпанија). Како ноќите таму да не се доволно жешки ... Силвестер Сталоне (67) дојде со целото семејство во Сен Тропе (Франција) - со јахта.