28 Март, 2024
0.0269

Револуција во онлајн кредитирањето: СН Финансии создаде неперсонализирана картичка, се доделува за 15 минути

Објавено во: Економија 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Финансиското друштво за брзи кредити СН Финансии во Битола ја промовираше првата неперсонализирана при-пејд кредитна картичка, која може да се добие за 15 минути. Станува збор за SN VISA card. Првата Финтек компанија во Македонија основана со домашен капитал ФД СН Финансии го изведе проектот заедно со Силк Роуд Банка.

Од СН Финансии велат дека ова е најкраток рок на чекање до кеш кој е познат на овие простори, а начинот е наједноставен. Првите картички започнаа да се доделуваат во петокот. Лимитот кој може да се потроши е 120.000 денари, а каматата зависи од повеќе категории и критериуми, вели Никола Јошевски, генералниот директор на СН Финансии.

- Обврските за враќање на заемот се пропишани со амортизационен план и со договор. Најголемиот рок за враќање на кредитот е 60 месеци, а колкава ќе биде каматата зависи токму од должината на времето кое ќе ви биде потребно да го вратите, вели менаџерот на ФинТек проектот.

Јошевски во својот говор додаде дека ова е прво вакво партнерство кај нас помеѓу банка и  финансиско друштво. 

- Развојот на ФинТек индустријата во светот и кај нас е неминовен, а ние сме лидери и сме горди на тоа, рече Јошевски.


Според него, VISA е гаранција дека ова ќе овозможи побрз пристап до кеш до поединци, бизниси и економии кои сакаат да напредуваат. 

- Незапирливиот фокус на ФД СН Финансии е кон иновации, како основен катализатор за брзиот раст на дигиталната трговија на кој било уред за секого, насекаде, вели Јошевски и додава дека овој чекор претставуива револуција во онлајн кредитирањето.

Инаку СН Финансиско Друштво во последните пет години работи на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг услугите.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат