13 Мај, 2024
0.0251

Ревизија: Воздухопловците незаконски делеле дивиденди на вработени

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство лани им исплатил дивиденда на своите вработени со вкупен износ од близу 12 илјади евра.Државниот завод за ревизија во својот извештај констатира дека вработените сега треба да ги вратат парите назад, оти дивиденда се исплатувала само на акционерите во трговски друштва, а во случајот АЦВ е независно регулаторно тело со јавни овластувања и нема право да дели дивиденда.

Ова не е единствен случај со кој се покажува „дарежливоста“ на директорот на АЦВ Дејан Мојсоски кон своите вработени. Претходно, им исплатил на вработените воздухопловен додаток во вредност од близу 7 илјади евра, по што незвисен ревизор веднаш констатирал дека неправилно биле поделени парите и вработените морало да ги вратат. Државниот завод за ревизија пак, констатира дека до денеска, парите се уште не биле на сметка на Агенцијата.

Низа други неправилности констатирал државниот ревизор за работењето на Агенцијата лани, меѓу кои и исплаќањето повисоки плати на лица кои немале решение за инспекторско овластување. Сето ова се случувало во услови кога Агенцијата немала вработено шеф на единицата за финансиски прашања, па директорот го задолжил координаторот за прелети и советник за економски надзор и навигација да биде одговорен за целокупното финансиско работење и контрола на АЦВ.

Можеби ќе ве интересира

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО